Лестер го победи Челзи со 1:0 во финалето на ФА купот. Тимот го освои трофејот за прв пат во својата историја.
Натпреварот се одигра вечерва на „Вембли“ во Лондон со присуство на дваесетина илјади гледачи.
Единствениот гол во 63. минута го постигна Јури Тилеманс. Пред крајот Бен Чилвел погоди за Челзи, но по консултација со ВАР, голот беше поништен поради офсајд позиција.
Лестер е 44-от клуб во историјата на ФА купот со освоен трофеј. За тимот ова е петто финале, во сите претходни случаи „лисиците“ беа поразени.