Леонардо уверен дека Мбапе ќе остане во ПСЖ

Од:

Спортскиот директор на францускиот прволигаш ПСЖ, Леонардо, изрази денеска уверување дека напаѓачот Килијан Мбапе (22) ќе го продолжи договорот со клубот од Париз на крајот од сезоната.

– Не гледам причина поради која Мбапе би заминал на крајот од сезоната. Во клубот никој не размислува за иднина без него. Врската меѓу него и клубот е длабока, изјави Леонардо.

Мбапе, кој дојде во ПСЖ во летото 2018 година за 145 милиони евра од Монако, во летниот преоден рок имаше понуда за трансфер во Реал Мадрид што беше одбиена од клупското раководство.

– Не сме среќни поради однесувањето на Реал Мадрид. Бевме многу јасни во врска со нивната понуда, која беше пониска од таа што ние ја плативме за Мбапе. А, што се однесува до последната понуда од Реал, истата никогаш не стигна во нашиот клуб, рече Леонардо.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ