Леонардо суспендиран на 9 месеци

Од:

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Бразилецот Леонардо е казнет со 9-месечна забрана на вршење на функцијата како последица на неговиот непромислен потег и намерното поттурнување на главниот судија по дуелот со Валенсиен.

Леонардо збесна откако втор меч по ред неговиот ПСЖ на теренот остана со 10-мина играчи, по исклучувањето на Тиаго Силва, па по средбата намерно се удри во делителот на правдата Кастро, потег што ни малку не им се допадна на членовите на Дисциплинската комисија во францускиот шампионат.

Инаку дуелот заврши 1-1, и тој не влијаеше врз конечниот успех на „светците“, кои ја освоија шампионската титула за прв пат по 19 – годишна пауза.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска