Леонардо: Ќе најдеме начин да продолжиме со Нејмар и Мбапе

Од:

Спортскиот директор на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Леонардо изјави дека напаѓачите Нејмар и Килијан Мбапе веројатно нема да го напуштат тимот во блиска иднина.

Вчера, тој потврди дека капитенот Тијаго Силва и напаѓачот Единсон Кавани летово ќе го напуштат клубот. Парижаните ќе бидат напуштени и од Томас Муние и Левин Курзава, чии договори истекуваат и нема да бидат продолжени.

– Нема што да сугерира дека Мбапе и Нејмар ќе го напуштат ПСЖ во текот на летото. Мбапе веќе е еден од петте најдобри играчи во светот, Меси има 32, Роналдо е 35, а Нејмар и Мбапе се 28 и 21, соодветно.Тие се огромна предност за нас и ќе најдеме начин да продолжиме да работиме заедно, рече Леонардо.

Во врска со трансферот на Нејмар во Барселона, тој отсече: „Ние веќе не разговаравме за ова прашање. Тој е среќен овде, имаше добра сезона. Му се допаѓа тимот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска