Леонардо ги критикуваше играчите на ПСЖ за неумереност на натпреварот против Марсеј

Од:

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо ги критикуваше играчите на парискиот клуб за однесувањето на мечот од 3. коло на францускиот шампионат против Марсеј (0:1).

Во самиот финиш играчите на двата тима учествуваа во масовно кошкање по што судијата додели пет црвени картони.

– Ние сме луди. Не сакам ни да коментирам – видеата покажуваат што се случило, – го цитира функционерот Л’Екип.

Имаме проблеми со дисциплината. 14 жолти и 5 црвени картони означуваат дека играта е надвор од контрола. Можеби судијата не делуваше сосема логично до одреден степен, но јас нема да го бранам однесувањето на нашите играчи. Инцидентот беше многу сериозен и треба да се разговара со тимот, изјави Леонардо.

ПСЖ по два натпревара во новото првенство нема освоено ниту еден бод.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска