Лејкерси убедливи против Минесота

Од:

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс е на чекор да го израмни скорот на добиени и загубени натпревари. „Езерџиите“ ноќеска пред своите навивачи ја совладаа Минесота со 116:94 и ова за нив беше 29.та сезонска победа наспроти 30.те порази.

Коби Брајант запиша 33 поени, но дури шест играчи имаа двоцифрен ефект, а тројца од нив се играчи од клупата.

И нивните „соседи“ Лос Анџелес Клиперс постигна победа и тоа на гостувањето кај Индијана со 99:91 и притоа ја врати Индијана на третото место во пласманот во Источната конференција.

Победа пред своите навивачи постигна Чикаго во дуелот со Филаделфија со 93:82.

Вечерва на програмата се 12 натпревари: Торонто – Индијана, Вашингон – Њујорк, Орландо – Хјустон, Бостон – Голден Стејт, Кливленд – Лос Анџелес Клиперс, Мајами – Мемфис, Бруклин – Далас, Њу Орлеанс Детроит, Сан Антонио – Сакраменто, Јута – Шарлот, Феникс – Атланта и Денвер – Оклахома Сити.

Пласман Источна конференција: Мајами 41-14 (победи-порази), Њујорк 34-20, Индијана 36-22, Атланта 33-23, Бруклин 34-24, Чикаго 33-25,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 45-14, Оклахома Сити 42-15, Лос Анџелес Клиперс 42-18, Мемфис 38-18, Денвер 37-22, Голден Стејт 33-25,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа