„Лејкерси“ со пресврт триумфираа над Сакраменто

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа синоќа Сакраменто со 122:114 предводени од својата најголема ѕвезда Леброн Џејмс, потпомогнат од одличниот Малик Монк.

Сакраменто влезе во последната четвртина со водство од 96:89, но на крајот, сепак, доживеа пораз, откако не успеа да најде решение за расположените Џејмс и Монк.

Џејмс во последната четвртина уфрли 14 од своите вкупно 31 поени, а во клучните моменти на сцената стапи и Монк, кој постигна 11 поени во завршните седум минути, завршувајќи го натпреварот со 24 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторникот и среда:

Кливленд – Мемфис 106:110

Торонто – Сан Антонио 129:104

Њујорк – Индијана 104:94

Њу Орлеанс – Феникс 110:123

ЛА Лејкерс – Сакраменто 122:114.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа