Лејкерси до првиот триумф против Оклахома

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја остварија првата победа во полуфиналето на плејофот на Запад против Оклахома Сити, откако синоќа славеа со 99:96 и намалија на 2-1 во победи.

Предводени од Коби Брајант, кој постигна 36 поени и Пау Гасол, 12 поени и 11 скокови, и Ендрју Бајнам 15 поени,  11 скокови.

Дека беа максимално концентрирани и подготвени за победа „Езерџиите“ покажува и фактот што од 42 слободни фрлања реализираа 41, а во послените три и пол минути имаа 12 од 12.

На спротивната страна, Дурент уфрли 31 поен, а Вестбрук и Харден придодадоа по 21 поен, но остатокот од екипата не беше на висина на задачата.

На натпреварот од полуфиналето во Источната конференција победи домашната екипа. Филаделфија славеше против Бостон со 92:83.

Пет играчи во домашната екипа постигнаа двоцифрен број поени и по слабото прво полувреме направија пресврт во вториот дел за изедначување во победи 2-2.

Андре Игудала оствари 16 поени и седум скока, а Тарнер придодаде 16 коша и девет скока, додека Вилијамс заврши со 15 поени и осум скока.

Во поразениот тим најдобар беше Пол Пирс со 24 коша.

Следниот натпревар овие два тима го играат во понеделник во Бостон.

Вечерва има двојна програма во НБА лигата и двата натпревара се играат во Лос Анџелес: Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио (2-0 победи за Сан Антонио) и Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити (2-1 за Оклахома Сити).

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Тери Портер: Навивачите сакаат да го видат Лилард во тим кој ќе му даде вистинска шанса

Кошаркарот Ентони Дејвис останува во Лос Анџелес, за три години ќе добие 186 милиони долари

Taa e „женскиот Коби“ и го направи невозможното: На 42 години го собори НБА рекордот

Предраг Петровиќ

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Дурент призна: Марихуаната е како вино во НБА лигата

Предраг Петровиќ