Легендарниот инженер Пет Фрај се враќа во Мекларен

Од:

Поранешниот главен инженер на Мекларен Пет Фрај се враќа во славниот британски тим кој го доживува најтешкиот период во својата историја.

Фрај работеше во Вокинг од 1993 до 2010 година и помогна за освоените титули во Формула 1 со Мика Хакинен и Луис Хамилтон. По овој успешен период, 54-годишниот Британец премина во тимот на Ферари, откако работеше во Скудерија на различни раководни позиции до 2014 година.

Шефот на тимот, Зак Браун прави се што може за да врати искра надеж дека во наредните години Мекларен има сили да се врати на победите и да започне да сонува повторно за светски титули во Формула 1.

Во 2019 година за Мекларен ќе се натпреваруваат двајца нови пилоти: Карлос Сајнц, кој стекна искуство по годините поминати во Торо Росо и Рено и дебитантот Ландо Норис. Токму кон 18 годишниот британски талент се насочени сите надежи за откривањето на новиот Луис Хамилтон.

Повлекувањето од Формула 1 на крајот на годината на големата ѕвезда на тимот, Фернандо Алонсо остава многу прашања, но и дава можност за радикална промена. А во Мекларен имаат потреба за промена повеќе од било кога во историјата, имајќи предвид дека не освоиле Гран При победа од 2012 година.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин