Леброн: Прилично лошо го повредив глуждот, но тоа нема да ме спречи да играм на Божиќ

Од:

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, изјави дека планира да настапи на Божиќ, и покрај повредата заработена ноќеска на дуелот со Лос Анџелес Клиперс.

Лејкерс на Божиќ, в петок, ќе се сретне со Далас Маверикс.

– Силно го повредив скочниот зглоб, но мислам дека тоа нема да ме спречи да играм в петок. Имам неколку дена да се подготвам. Ќе правам третмани деноноќно и мислам дека ќе бидам подготвен да настапам против Далас, соопшти Леброн Џејмс.

Тој беше стрелец на 22 поена и додаде по пет скокови и асистенции во поразот од Клиперс со 116:109.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски