Лебеф: Погба не заслужува да биде стартер на Светското

Од:

Легендата на францускиот фудбал и поранешен репрезентативец, Франк Лебеф се изрази исклучително остро на адреса на ѕвездата на „петлите“, Пол Полба.

Според централниот дефанзивец, кој беше дел од првиот шампионски состав на „петлите“, кој ја освои светската и европската титула, најскапиот играч на Манчестер Јунајтед воопшто не заслужува да биде стартер на Мундијалот 2018.

Во текот на изминатите неколку месеци, Погба е критикуван од сите страни за неговите слаби игри во големите натпревари. Дојде до тоа менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо неколкупати да го остави надвор од составот.

Според Лебеф, францускиот селектор, Дидие Дешан, мора да пријде на истиот начин за првиот натпревар против Австралија на 16-ти јуни.

– Погба е под голем притисок и е многу критикуван. Не мислам дека тој ќе игра во контролната против САД во сабота, не сум сигурен дека ќе го започне Светското како стартер. Корентен Толисо работи подобро од него. Мислам дека истото може да се каже и за Блеиз Матуиди, изјави Лебеф, цитиран од француските медиуми.

Легендата додава дека во последните 2-3 години, халфот не покажал ништо во дресот на националниот тим.

– Погба зборува само за освојување на „Златната“ топка и сега се стави во ситуација каде што не може да ги поддржи сопствените тврдења. Сметам дека е добро момче и дека има талент, но сам се става под голем притисок, тврдејќи дека ја сака „Златната топка“, дека тој е клучот за националниот тим, дека сака да биде бр.1. Зборувај помалку, работи повеќе, му порача Лебеф.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он