Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на Европа, Шкупи одигра нерешено 3:3 (1:2) на гостувањето во Ерменија кај Пјуник.
Иако гостинскиот тим имаше предност од 1:3 до 80-тата минута,на крајот ќе мора да се задоволи само нерешен резултат и со големи шанси за пласман во следното коло по реваншот во Скопје.
Бајрами на двапати (26`, 60`) и Илиески (43) беа стрелци за Шкупи, додека за домаќините прецизни беа Варданијан (пенал 4) Жестоков (80) и Манучаријан (85).
Реваншот е по една недела, а доколку го задржи позитивниотрезултат, скопскиот тим во следното колоизлегува против чешки Јаблонец.