Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски со екипата на Спортинг се пласираше во осминафиналето од Лига Европа, откако ја елиминира Астана.
Спортинг на реванш натпреварот на домашен терен ремизираше со 3:3, но на првиот натпревар во гости ја совлада Астана со 3:1.
Францускиот прволигаш Ница беше елиминиран од Локомотив Москва, откако со 1:0 беше совладан на гостувањето во Русија, а пораз претрпе и на првиот натпревар на домашен терен со 2:3.
Без проблеми во следната фаза се пласираа Лацио и Атлетико Мадрид. Римјаните убедливо со 5:1 славеа против Стеауа, додека Атлетико имаше сигурни 4:1 по првиот меч против Копенхаген, па во Мадрид доволно беше и победа од 1:0.
Зенит во Санкт Петербург го совлада Селтик со 3:0 и го елиминираше и покрај минималната предност од 1:0 од првиот натпревар во Глазгов.
Наполи со 2:0 славеше на гости кај Лајпциг, но калчолигашот е елиминиран, откако дома загуби со 1:3.
Лион со победата од 0:1 против Вилјареал обезбеди пласман во следната рунда.
Партизан беше елиминиран откако загуби на гостувањето во Чешка од Плзен со 2:0.