Лазаров со Барселона на „Супер Глоб“

Од:

На покана на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), екипата на Барселона за која настапува Кирил Лазаров ќе учествува на овогодинешниот „Супер глоб“ кој ќе се одржи во Доха (Катар) од 25-30 август.

Поканата стигна по веста за згазнувањето на Атлетико Мадрид, кој требаше да ја брани титулата, освоена со Лазаров во ростерот минатото лето.

Ова ќе биде првпат Барселона да учествува на ИХФ Супер глоб – турнир кој го играат шампионите на секој континент, плус неколку тимови поканети од организатророт.

За Лазаров на ИХФ Супер глоб ова ќе биде четврто учество, а во претходните три наврати секогаш играл во финалето: со Ал Саад, со Сиудад Реал и лани со Атлетико Мадрид кога стигна до титулата.

Освен Барселона најавени се и екипите на: европски шампион Хамбург (Германија), шампионот на Азија Ал Рајан (Катар), најдобрата екипа од Африка Етуал де Сахел (Тунис), Пан-американскиот шампион Таубате (Бразил), првакот на Океанија, Сиднеј (Австралија) и два клуба од домаќинот Катар – Ал Џаиш и Ал Саад.

Двете групи од по четири тима ќе бидат формирани наскоро. Првите две од секоја од нив ќе се сретнат во полуфиналето, а големото финале ќе биде на 30 август во „Ал Гарафа арена„ во Доха.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ