Лазаров со Барселона на „Фајнл фор“

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со својот клуб Барселона се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Каталонците на синоќешниот реванш го победија Рајн Ловен Некер со 31:24 и со тоа ја анулираа предноста на Германците од првиот дуел (38:31), а поради повеќе постигнати голови на гостински терен, Барселона ќе игра на завршниот турнир.

Македонскиот репрезентативец во победата учествуваше со два погодока.

Она што не му успеа минатата година во дресот на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров го реализираше оваа година во дресот на Барселона. За него ова ќе биде петто полуфинале во ЛШ.

Тој за првпат беше во четирите најдобри како играч на Сиудад Реал во сезоната 2010/11, кога го загуби финалето од Барселона. Следната 2011/12 во дресот на Атлетико во полуфиналето Лазаров постигна 11 голови против Копенхаген во победата од 25:23. Подоцна во финалето Атлетико Мадрид загуби од Кил со 26:21.

Пред да биде воведен „Фајнл фор“ турнирот, Лазаров во дресот на Фотекс Веспрем стигна до полуфиналето во сезоната 2002/03 и беше елиминиран од Портланд Сан Антонио со пораз од 28:20 во Памплона и победа од 30:26 во Унгарија.

Против истиот противник полуфинале Веспрем и Лазаров играа и во сезоната 2005/06. Унгарците славеа со 29:27 во првиот натпревар на домашен терен, но во Шпанија беше 32:29 и за малу  побегна финалето.

На завршниот турнир во Келн, покрај Барселона ќе играат Фленсбург, Веспрем и најверојатно Кил кој денеска против нашиот Металург го игра реваншот во четвртфиналето, а по првиот дуел во Скопје има големи 10 голови предност – 31:21.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП