Лазаров: Ќе се обидеме да го дадеме својот максимум на СП

Од:

Денеска во спортската арена „Филип Втори“ беа промовирани новите дресови на македонската ракометна репрезентација. Промоцијата е одржана под мотото „Со нов дрес до нови победи“, а со овие дресови „жолто-црвените“ ќе настапат на претстојното Светско првенство, кое на програмата стартува од 10 јануари во Германија и Данска.

На промоцијата присуствуваше капитенот Кире Лазаров, кој изјави дека очекува голем настан кој е многу важен за нашата селекција.

– За разлика од претходните години одиме со подмладен состав, со многу млади играчи кои што многу ветуваат, кои што се големи таленти и очекуваме во блиска иднина дека сите тие таленти ќе го понесат товарот и ќе продолжат по нашите стапки. На ова првенство ќе се обидеме да го дадеме својот максимум, а ќе видиме за што тој ќе биде доволен. Сакаме да ја усреќиме пак оваа нација“, истакна капитенот Лазаров.

Тој смета дека е неблагодарно да се прогнозира до каде може да стигнат на Мундијалот, но гарантираше дека ќе играат најдобро што можат.

– Мораме да останеме скромни, да работиме напорно без оглед на противникот и да одиме од натпревар во натпревар, почнувајќи од првиот дуел со Јапонците, додаде капитенот

Македонската репрезентација на Светското ќе игра во група со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а првиот натпревар е на 11 јануари против селекцијата на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Лазаров: Без бело знаме против Словенците

А1он

Лазаров: Имам јасна целосна слика

Ана Ололовска

Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕП

Лазаров постигна погодок вреден бод на гостувањето на Нант кај ГОГ Гудме

А1он

Кирил Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Ана Ололовска

Идната недела промоција на автобиографијата на Кирил Лазаров

Ана Ололовска