Кирил Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Од:

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, остави пишан бележник на својата блескава кариера, промовирајќи ја својата автобиографија под наслов „Секогаш на победа“.

На свечената промоција синоќа во скопскиот хотел „Александар Палас“, најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампиони и светски рекордер според многу параметри ја претстави својата ракометна приказна од родното Свети Николе до француски Нант пред присутните гости од кремот на македонскиот ракомет, но и воопшто од македонската сцена. – Сум имал трема на спортски натпревари, но сега имам уште поголема, бидејќи сум прв македонски спортист кој одлучил искрено и со многу страст да напише автобиографија“, изјави на промоцијата македонскиот репрезентативец и актуелен тренер на националниот тим Лазаров.

– Треба да имате храброст и многу сила да кажете некои работи што не се кажани. Сите Македонци за мене знаат многу, но во ова книга ќе прочитате многу работи и што не сте ги знаеле. Ја подготвувавме седум-осум месеци со новинарот Жика Богдановиќ и во ниеден момент не се премислив да сменам нешто суштински, стојам зад сè што сум напишал. Сметам дека книгата ќе биде интересна за сите, особено за младите, рече Лазаров.

Во својата импозантна кариера, 41-годишниот Лазаров има освоено една титула во Лигата на шампионите, три шампионски титули во Шпанија, пет во Унгарија, а има и вредни индивидуални признанија како најдобар стрелец на Светското првенство во 2009 година, на ЕП во 2012, а сè уште важи за најдобар голгетер во историјата на Лигата на шампионите.

Од март оваа година Кире Лазаров стана заштитно лице на Видеолотарија Касинос Австрија.

Би можело да ве интересира

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Кирил Лазаров: Македонија и Бугарија имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да не обединува

Горан Наумовски

Лазаров: Најостро ги осудувам сите форми на насилство, рекет и криминални активности

А1он

Пласман на Светско првенство за историско збогум на легендарниот капитен

Катерина Ѓуровски

Кирил Лазаров е повреден и нема да игра на цело ЕП

А1он

Лазаров: Без бело знаме против Словенците

А1он