Лазаров: Групата е потешка од лани

Од:

Капитенот на македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, Филип Лазаров, смета дека неговиот тим доби исклучително тешка група и очекува голема борба за секој бод. Тој се надева дека со искуството што го имаат „црвено-црните”, следната сезона ќе се борат за првите две места на табелата.

– Тешки противници, дефинитивно. Посебно од четвртиот (Рајн Некар) и шестиот „шешир“ (Монпеље). Тука се уште Веспрем и Цеље, а сето тоа говори за квалитетот на нашата група. Мислам дека оваа сезона дефинитивно нема да има лесни бодови, посебно на гостински терен. Сепак, со ракометарите што го имаме и со апсорбираното искуство од минатата сезона, очекувам да се избориме за подобар пласман. Најважно ќе биде да играме константно добро и да се бориме да освоиме што повеќе бодови на гостувањата, изјави Лазаров.

Вардарци во претстојната сезона од Лигата на шампионите ќе играат во групата „Ц” каде што главната битка за врвот од табелата ќе ја бијат против Рајн Некар и Веспрем, а тука се и екипите на Цеље и Монпеље, кои се поранешни европски шампиони.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ