Лазаров, Балиќ и Калман не отпатуваа во Германија

Од:

На четвртиот меч во 2012 на големите ривали Кил и Атлетико Мадрид, шпанскиот тим отпатува во Германија без неколку стандардни ракометари.

Со оглед на тоа што во вторник следува елиминацискиот меч од Купот на шпанскиот крал во Виго со Академија Октавио, а наредната недела големото АСОБАЛ дерби со Барселона, Душебаев се одлучи да ги ротира своите ракометари. Денешниот меч во Кил нема да може да го поправи пласманот на Атлетико Мадрид, кој сигурно ќе остане на третото место зад Веспрем и Кил во групната фаза од Лигата на шампионите.

Босанецот Аднан Шабановиќ не може да брани на европски натпревари во првата фаза, а нашиот Лазаров, хрватот Балиќ и стрелецот на израмнувачкиот гол во Сарагоса, Јонас Калман не заминаа за Германија и ќе одмараат во Мадрид.

Кирил Лазаров прв пат одмора оваа сезона по 24 меча за Атлетико Мадрид и два за репрезентацијата на Македонија. Четворицата ќе му и приклучат на екипата во Галиција, каде што експедицијата на Атлетико Мадрид директно ќе пристигне веднаш по мечот со Кил во Германија.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП