Лавин најдобар забивач, Кари најдобар во шутирање на тројки

Од:

Кошаркарот на Минесота Зек Лавин победи во натпреварот во забивање на „Ол Стар“ викендот, додека Стефон Кари од Голден Стејт победи во шутирање на тројки.

Лавин со спектакуларни забивања ја освои титулата со 194 од максималните 200 поени.

Лавин имаше две совршени забивања од 50 поени, едно од 49 и едно од 45 поени. Крилото на Бруклин, Мејсон Пламли и Јанис Антетокумпо, немаа шанси во првата рунда, а во финалето Лавин беше подобар од бекот на Орландо, Виктор Оладипо.

Во брзото шутирање на тројки Стеф Кари ја потврди својата класа. Во финалето уфрли 27 од можните 34 поени со фантастична серија кошеви.

Во конкуренција на Џејмс Харден, Марко Белинели, Џеј Џеј Редик, Кајл Корвер, Клеј Томпсон, Весли Метјус и Кајри Ирвинг, Кари „експлодира“ во финалето со 13 по ред тројки и го однесе трофејот.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа