Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Езекуиел Лавеци изјави дека е можно негово враќање во италијанската Серија А, а доколку тоа се случи предност за негов ангажман му дава на Милан.
Лавеци пред доаѓањето во ПСЖ со успех го носеше дресот на калчолигашот Наполи, но овој клуб не е поврзан со неговиот камбек во Италија. Како идна дестинација се спомнува градот Милано.
– Не можам да го заборавам Неапол. Живеев таму пет години и стекнав многу пријатели. Во одреден момент јас сериозно размислувам за враќање во Италија. Можеби Милан е најдобро решение за мене. Ми се допаѓа повеќе од Интер, пренесуваат медиумите во Италија.
27-годишниот аргентински интернационалец освен во Наполи, во Италија бил член и во Џенова (2004-2005), но во таа сезона нема ниту еден настап во првиот тим.