Лани играше финале на Вимблдон, сега се повлече од турнирот

Од:

Австралиецот Ник Кирjoс објави дека се повлекува од Вимблдон поради повреда.Тој лани на овој грен-слем го загуби финалето од Новак Ѓоковиќ, а денеска требаше да го одигра првиот меч против Давид Гофин. Кирјос се пријави за турнирот на трева во Мајорка минатата недела, но потоа се повлече како мерка на претпазливост. Не успеал да ја санира повредата.

„Навистина сум тажен што треба да се откажам од Вимблдон оваа година. Се обидов се за да можам да играм и разочаран сум што можам да кажам дека немав доволно време да го направам тоа пред Вимблдон“, објави светскиот рекет број 33 на Инстаграм пред првиот ден на Вимблдон.

По операцијата на левото колено во јануари, Кирјос одигра само еден меч оваа сезона, минатиот месец во Штутгарт, каде беше поразен во првото коло од Кинезот Ву Јибинг.

Би можело да ве интересира

Кирјос за допингот на Синер: Мора да биде суспендиран на две години без разлика на се

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

Медведев го исфрли Синер од Вимблдон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ во четвртфинале: Не допирате до мене