Кирјос за казната за Синер: „Нема правда…“

Од:

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го соопшти ова откако беше потврдено дека најдобриот светски играч Јаник Синер е суспендиран на три месеци.

Поради употреба на недозволени супстанци, поточно супстанцата клостебол, Италијанецот е казнет со тримесечна забрана за учество на турнири, казна која според Кирјос не е соодветна за стореното дело.

Неговите зборови јасно покажуваат што мисли за конечната одлука за „случајот Sinner“ и фактот дека Италијанецот постигна договор со водечката светска антидопинг организација.

„ВАДА (Светска анти-допинг агенција) го кажа своето и беше објавено дека забраната ќе биде една или две години. Очигледно, тимот на Синер направи се за забраната да заврши три месеци и тој да не изгуби ниту поени или пари. Виновен или невин? Ова е тажен ден за тенисот. Нема правда во тенисот“, напиша Кирјос.

За потсетување, Синер во август минатата година во два наврати беше позитивен на анаболичен стероид клостебол, со што ги прекрши антидопинг прописите. Досега се чекаше казната.

Во своја одбрана, Италијанецот постојано повторуваше дека недозволената супстанца случајно му била внесена во телото за време на масажата што неговиот терапевт ја направил без заштитни ракавици.

Казната на Синер ќе важи до 4 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

Денес стана најскапото засилување на Реал, а сè уште ја носи болката: Дрога во пијалакот ѝ го одзеде животот на неговата сестра

Шокантниот трансфер е потврден: Откриено колку Турците ќе му плаќаат на Салах – сега е јасно зошто го избра Трабзонспор

Германски политичар бара забрана за Инфантино на сите стадиони во земјата

Фулам договори двоен трансфер од Реал Мадрид вреден 50 милиони евра

Предраг Петровиќ