Лампард: Срамно е фудбалерите да бидат тестирани пред медицинските професионалци

Од:

Менаџерот на Челси, Франк Лампард изјави дека медицинскиот персонал треба да има предност пред фудбалерите кога станува збор за тестирање за коронавирус сред пандемија.

– Не го знам бројот на тестови што се извршени на медицинскиот персонал на Националниот здравствен систем, кои со месеци се борат со пандемијата. Сметам дека е срамно за фудбалерите да бидат тестирани пред медицинските професионалци кои се во првите редови во борбата против вирусот. Се надевам дека не сум само јас, рече Лампард.

Легендарниот Англичанец изјави дека фудбалот е тимска игра со директен физички контакт и дека здравјето на фудбалерите и персоналот е исклучително важно.

– На сите ни недостасува фудбал, но како да се вратиме на теренот без да ги доведеме во опасност фудбалерите? Мора да се соочиме со таа реалност и да бидеме реални, додаде Френк Лампард.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година