Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба, може да ја продолжи кариерата во Англија. Според „Мирор“, Челзи покажува интерес за 27-годишниот Австриец.
Тренерот на „сините“ од Лондон, Френк Лампард, сака да најде нов крилен играч затоа што не смета на Маркос Алонсо.
Алаба има договор со Баерн уште една и пол година. Се очекува Челси да биде подготвен да потроши 70 милиони евра за трансферот на обој фудбалер. Оваа сезона, Алаба настапи на 12 натпревари во германскиот шампионат и постигна еден гол.