Лампард: Причините за неуспесите на Челси не лежат само во Кепа

Од:

Тренерот на Челси, Френк Лампард, по нерешените 2:2 со Арсенал во 24. коло од првенството на Англија (2:2), побара да не се обвинува голманот Кепа Аризабалага за овој резултат.

– Знам дека Кепа сега е во центарот на вниманието, но тоа е нормално, бидејќи ова е фудбал на највисоко ниво. Да, во денешниот натпревар тој понекогаш не ја контролираше топката на најдобар начин. Во некои случаи, ова може да влијае на развојот на играта, и ние ќе посветиме посебно внимание на ова. Секој играч, а особено голманот, секогаш е под лупа, особено за време на периоди што се тешки за тимот.

Сепак, причините за нашите неуспеси не лежат само во Кепа. Ние сме на четвртото место на пласман, што генерално не е толку лош резултат. А сепак, врз основа на прикажаната игра, моравме да имаме на нашето конто барем уште 10 бода, изјави Лампард.

Челзи со 40 бода од 24 натпревари се наоѓа на 4. место во Англиското фудбалско првенство.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска