Лам: Гвардиола нема да го менува системот

Од:

Капитенот на фудбалерите на Баерн, Филип Лам истакна дека не очекува големи промени во тимот, кога на клупата на шампионот на Европа ќе дојде Пеп Гвардиола.

-Големите тренери не инсистираат секогаш да се во право. Тие се адаптираат на екипата, а не спротивно. Искрено верувам дека нема да направи големи промени во нашиот систем-истакна тој.

Баерн минатиот викенд со победа над Борусија ја освои титулата првак во Европа, а претходно дојде и до титулата во Бундеслигата.

Тимот на Баерн го очекува и дуел со Штудгард во финалето на Купот на Германија, кој се игра на 1-ви јуни, во Берлин.

Гвардиола на клупата на минхенската екипа ќе го замени Јуп Хајнкес.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска