Напаѓачот на лондонски Арсенал, Александар Лаказет постигна гол против Атлетико Мадрид, но тој не беше доволен за победа на „топџиите“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа.
На крајот Антоан Гризман израмни, а резултатот го остава отворено прашањето кој од двата тима ќе се пласира во финалето во Лион.
– Среќен сум што ја завршив мојата работа. Навистина сакам да играм во финалето, уште повеќе, дека тоа е во мојот роден град. Веројатно го сакам тоа повеќе од било кој друг фудбалер на Арсенал, но за да се случи тоа, треба многу да работиме, прокоментира Лаказет веднаш по ремито 1:1 со „јорганџиите“.