Лацковиќ: Среќен сум што потпишав за Вардар

Од:

Хрватскиот ракометар Блаженко Лацковиќ следните три сезони ќе го носи дресот на македонскиот шампион РК Вардар. Во изјавата за официјалниот сајт на Хамбург, тој не го криеше задоволството што ќе биде дел од екипа чија цел е европскиот ракометен врв, како и тоа дека ќе работи со тренер каков што е Раул Гонзалес.

– Од една страна жал ми е што го напуштам Хамбург и Бундеслигата по толку долго време поминато тука, но од друга страна среќен сум што ќе дојдам во РК Вардар кој е амбициозен клуб, односно екипа која следната година ќе го нападне самиот европски врв. Вардар игра во квалитетна и силна лига во регионот, но и во Македонија, која е држава во која ракометот е спорт број еден. Задоволен сум што ќе работам со тренер каков што е Раул Гонзалес, изјави хрватскиот репрезентативец за клупскиот веб сајт на Вардар.

Македонскиот шампион вчера ја информира јавноста дека потпиша тригодишен договор со Лацковиќ со важност од сезоната 2014/15.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ