Европската куќа на фудбалот – УЕФА денеска потврди дека покренала обвинение против италијанскиот фудбалски клуб Лацио поради расистички испади на неговите навивачи на дуелот одигран на 21 февруари со Борусија Менхенгладбах од Лигата на Европа.
Калчолигашот се соочува со казна, следниот натпреварот на домашен терен од ова натпреварување против Штутгарт да го игра пред празни трибини.
Конечната одлука за овој случај ќе биде донесена утре од страна на Дисциплинска комисија на УЕФА.
Реванш-средбата од осминафиналето во Лига Европа, Лацио – Штутгарт ќе се одигра на 14 март на „Олимпико“ во Рим.