Лацио се искачи на третото место

Од:

Со победата над Каљари од 4:2 во последниот дуел од 10.коло на Италијанското фудбалско првенство, тимот на Лацио се проби на третата позиција на табелата доближувајќи му се на водечкиот тандем на шест, односно три бодови.

За Каљари ова беше петти сезонски пораз и со само девет освоени бода или два повеќе од Емполи и Чезена се наоѓа блиску до опасната зона на испаѓање.

Токму Чезена, на другиот синоќешен натпревар од оваа рунда во Серија А на домашен терен одигра нерешено 1:1 со Верона, екипа која со 13 бода е на средината на табелата.

Резултати на другите натпревари од 10.коло во Серија А: Наполи – Рома 2:0, Емполи – Јувентус 0:2, Парма – Интер 2:0, Киево – Сасуло 0:0, Сапдорија – Фиорентина 3:1, Торино – Аталанта 0:0, Удинезе – Џенова 2:4 и Милан – Палермо 0:2.

Табела: Јувентус 25 бодови, Рома 22, Лацио 19, Сампдорија 19, Наполи 18, Џенова 18,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска