Тимот на Лацио е првиот кој успеа да се пласира меѓу четирите најдобри сезонава во „Копа Италија“. Лацијалите синоќа пред своите навивачи на „Олимпико“ во Рим, убедливо со 3:0 ја совладаа Катанија.
Хернанес погоди двапати (61 и 90 минута) и Раду во 30 минута беа стрелци на головите за римјаните.
Вечерва од 20 часот и 45 минути се игра дербито во четвртфиналната фаза. Јувентус ќе му биде домаќин на Милан.
Победникот од овој меч во полуфиналето ќе игра против Лацио.
Другите две четвртфиналиња од италијанскиот фудбалски куп ќе се одиграат идната седмица. На 15 јануари Интер е домаќин на Болоња, а ден подоцна играат Фиорентина и Рома.