Екипата на Лацио синоќа на гостувањето во Милано го победи Интер со 2:1 и се пласира во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
Головите за гостите од Рим ги постигнаа, Фелипе Андерсон (20.минута) и Лукас Биглиа (55) од пенал, додека Марсело Брозовиќ (84) само го ублажи поразот.
Лацио во полуфиналето ќе игра со подобриот од последниот четвртфинален натпревар кој ќе се игра вечерва во Рим, каде Рома ќе биде домаќин на Чезена.
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Наполи – Јувентус.