Фудбалерите на Лацио успеаја да извлечат нерешено на синоќешниот дуел во Торино против Јувентус играјќи 1:1 во првиот дуел од полуфиналето на „Копа Италија“.
На „Јуветус Арена“ Федерико Пелусо ги доведе домаќините во водство со 1:0 со гол постигнат во 63.минута, а „лацијалите“ изедначија преку Стефано Маури во 86.минута.
Вечерва од 20 часот и 45 минути се игра првиот натпревар од второто полуфинале на купот, во кој се среќаваат Рома и Интер.
Реваншите се закажани за следната недела.