Фудбалерите на Лацио ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа и синоќа на „Олимпико“ во Рим во натпревар од 26.коло ја совлада екипата на Пескара со 2:0.
Стрелци на головите за „лацијалите“ беа: Стефан Раду во 29.минута и Сенад Лулиќ во 35.минута.
Со оваа победа и освоените три бода „лацијалите“ се искачија на третата позиција на табелата.
Вчера се одигра уште еден натпревар од оваа рунда во Серија А. Во Удине, Удинезе и Наполи одиграа без голови – 0:0. Горан Пандев во гостинскиот тим во игра влезе во 61.минута.
Денеска се игра последниот натпревар од колото меѓу Болоња и Фиорентина, кој поради снег на теренот во Болоња беше одложен во неделата.
Табела: Јувентус 58 бодови, Наполи 52, Лацио 47, Милан 45, Интер 44, Фиорентина 42, Катанија 42,…