Дерби натпреварот од 17.коло во Италијанското фудбалско првенство ќе се одигра вечерва на „Олимпико“ во Рим (почеток 20:45 часот), меѓу домашниот Лацио и Интер.
Евентуална победа за Лацио ќе значи фаќање приклучок со екипите од врвот на табелата, а победа за Интер е од големо значање за задржување на чекорот во борбата за првата позиција со лидерот Јувентус.
Оваа рунда ќе започне од 18 часот со натпреварот Удинезе – Палермо.
Останатите осум натпревари ќе се играат утре, а двојките се: Фиорентина – Сиена, Катанија – Сампдорија, Киево – Рома, Џенова – Торино, Јувентус – Аталанта, Милан – Пескара, Парма – Каљари, и Наполи – Болоња.
Табела: Јувентус 38 бодови, Интер 34, Наполи 33, Лацио 30, Рома 29, Фиорентина 29,…