Лацио го доби „римското дерби“ против Рома

Од:

Фудбалерите на Лацио се радуваа на победа во големото градско дерби, совладувајќи ја Рома со 3-1.

На „римското дерби“ одиграно попладнево на „Олимпико“ два од трите голови за лациалите ги постигна Сенегалецот, Балде Диао Кеита, првиот во 12.минута, а вториот на пет минути пред крајот (85). Во листата на стрелци се запиша и Србинот, Душан Баста, додека почесниот гол за Рома го постигна Дениеле Де Роси (45) од пенал.

Ова беше првиот од осумте натпревари од 34.коло во Серија А кои се играат денеска.

Во попладневниот термин (15 часот) ќе се одиграат средбите:
Каљари – Пескара,
Кротоне – Милан,
Емполи – Сасуоло,
Џенова – Киево,
Палермо – Фиорентина и
Болоња – Удинезе.

Колото ќе го комплетираат Интер и Наполи со средбата која ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути.

Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска