Ла Лига им забрани на шпанските екипи да рекламираат обложувачници

Од:

Шпанските фудбалски екипи од денеска не смеат да рекламираат на своите дресови обложувачници и казина, а пет прволигашки екипи сè уште не успеаја да најдат заменски спонзори иако веќе се одиграа три кола од новата сезона.

Реал Сосиедад, Алавес, Кадиз, Гранада и Мајорка влегоа во новата сезона без спонзори на своите дресови. Фудбалерите на Кадиз изминатиот викенд за последен пат истрчаа на теренот со жолти дресови на кои беше испишано името на филипинската обложувачница „Dafabet“.

– Баравме правен начин, сепак, да го задржиме тоа име на нашите дресови, но, сепак, ќе мораме да пронајдеме заменски спонзор. Веројатно ќе успееме во тоа, соопшти клубот од југот на Шпанија, кој годишно од „Dafabet“ инкасираше два милиони евра.

Шпанската левичарска Влада на крајот од минатата година донесе закон со кој рекламирањето на обложувалници и игри на среќа од денеска целосно се забранува на спортски настани, додека на телевизиите и радијата се ограничува само во период од 01 до 05 часот наутро.

Ла Лига, телото кое ги организира натпреварувањата во првата и втората фудбалска лига во Шпанија, објави дека 32 од вкупно 42 професионални екипи имаат спонзор поврзан со секторот на обложување и игри на среќа.

– Да се има толку голем број на фудбалери, кои рекламираат обложувалници, или, носат дресови со име на обложувалници и на тој начин ги повикуваат младите да се обложуваат не е добра порака. Тоа не е игра каква што сакаме, изјави директорот на владиното тело за регулирање на игрите на среќа во Шпанија, Микел Арана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска