Квалификации за СП 2018: Три победи на домашните репрезентации

Од:

Три победи на домаќините во четирите средби одиграни попладнево во рамките од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 во Русија.

Во натпревар од групата Г, во која настапува и репрезентацијата на Македонија, селекцијата на Албанија со 2-0 го победи Лихтенштајн.

Вечерва од 20:45 часот во Хаифа, Македонија гостува кај Израел, а во дербито на колото Шпанија е домаќин на Италија

На првите две места на табелата во оваа група се Шпанија и Италија со по 16 бодови, пред Албанија која сега има 12, Израел 9, додека Македонија има 3, а последно пласираниот Лихтенштајн е без освоен бод.

Во групата Д, фудбалерите на Србија ја победија Молдавија со 3-0, додека дуелот Грузија – Република Ирска заврши без победник 1-1. Вечерва во оваа група ќе играат Велс и Австрија.

Во единствениот меч одигран досега од И група, Финска неочекувано беше подобра од Исланд со 1-0. Во вечерниот термин ќе играат Украина – Турција и Хрватска – Косово.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он