Од денешните девет досега се одиграа четири натпревари од 8. коло во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 година во Русија.
Репрезентациите на Холандија и Шведска забележаа сигурни победи во дуелите од А групата.
Холандија со 3:1 славеше победа над Бугарија, додека Шведска на гости ја победи Белорусија со 4:0. Вечерва во оваа група ќе играат Франција – Луксембург.
Во Б групата се одигра натпреварот Фарски Острови – Андора 1:0, додека во вечерниот термин од 20:45 часот ќе играат, Летонија – Швајцарија и Унгарија – Португалија.
Единствената средба одиграна попладнево во рамките од групата Х, беше решена во третата минута од судиското допопнение, а во неа Естонија со 1:0 го победи Кипар. Во оваа група вечерва ќе играат Грција – Белгија и Гибралтар – Босна и Херцеговина (20:45 часот).