Фудбалерите на САД и Мексико забележаа победи во дуелите против Тринидад и Тобаго, односно Хондурас, во квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Русија.
Во рамките од 5. коло на Конкакаф зоната (Северна и Централна Америка), репрезентацијата на САД пред своите навивачи во Денвер ја победи селекцијата на Тринидад и Тобаго со 2:0, а двата гола ги постигна Кристијан Пулишиќ.
Мексико пак беше уште поубедлив и против Хондурас забележа победа со 3:0, додека дуелот меѓу Костарика и Панама заврши без голови 0:0.
Табела: Мексико 13 бодови, Костарика 8, САД 7, Панама 6, Хондурас 4 и Тринидад и Тобаго 3.
Веќе во понелник и среда (12 и 14 јуни) ќе се играат дуелите од 6.коло, а двојките се: Мексико – САД (понеделник), Панама – Хондурас и Костарика – Тринидад и Тобаго (среда).