Фудбалската репрезентација на САД претрпе пораз од Коста Рика во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
Во натпревар од 7.коло на Конкакаф зоната, Американците загубија од Коста Рика со 2:0 и тоа на домашен терен во Њу Џерси. Двата гола за гостите ги постигна Маркос Урења во 30-та и 82-минута.
Со оваа победа и новите бодови, Коста Рика се зацврсти на второто место на табелата со 14 бода, три помалку од Мексико кој ноќеска со 1:0 ја победи Панама.
Селекцијата на САД има осум бодови колку што сега има и четврто рангираната Хондурас која на гостивањето кај Тринидад и Тобаго славеше со 2:1.
На последните две позиции се Панама со седум и Тринидад и Тобаго кој има само три бода.
На две кола до крајот на квалификациите Мексико обезбеди пласман на Мундијалот.