Квалификации за ЕУРО 2014 Данска: Швајцарија првата пречка

Од:

Машката ракометна репрезентација вечерва против Швајцарија ќе ги почне квалификациите за пласманот на Европското првенство 2014 што ќе се одржи во Данска.

И покрај нарушените односи со РФМ, капитенот Кире Лазаров на вчерашната прес-конференција истакна дека ракометарите ќе направат се со победа да ги почнат квалификациите и да ја постигнат целта за пласман на ЕП.

Селекторот Звонко Шундовски за вечерашниот натпревар нема да може да смета на повредениот Наумче Мојсовски и на казнетиот голман Борко Ристовски.

Натпреварот се игра во СП “Борис Трајковски” во Скопје од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ