Кутињо задоволен од своето деби за Баерн

Од:

Дебитант на Баерн Минхен, бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо ги сподели своите впечатоци од својот прв натпревар во новиот клуб. Во второто коло од Бундеслигата, актуелниот шампион на гостински терен го совлада Шалке со 3:0.

Презадоволен сум од моето деби. Победивме, па беше добра вечер. Првите впечатоци се многу добри. Баерн е огромен клуб со одлични можности. Играта беше многу интензивна. Овде сум само три, четири дена и дефинитивно треба да се подобрувам. Ќе работам напорно, изјави Кутињо.

Бразилецот е во Баерн на позајмица од Барселона за една сезона за сума од 8,5 милиони евра. Него го доби Барселона од Ливерпул за 145 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска