ПСЖ е заинтересиран да го купи бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо од Барселона, но поради финансискиот фер плеј оваа година само ќе го позајмат од каталонците.
Мадридскиот „АС“ пишува дека парискиот клуб ќе го донесе Кутињо во француската метропола како позајмување на една година, а потоа ќе бидат обврзани да го откупат договорот од Барселона, а би го преземале и плаќањето на бонусите кои каталонците ги имаат кон Бразилецот.
За услугите на Кутињо, шпанскиот клуб му плати на Ливерпул 150 милиони евра, но тој се уште не ги исполнил очекувањата на сегашниот клуб, така што стана цел и на остри критики како од клубот, така и од навивачите на Барселона.