Кутињо не сака да зборува за својата иднина

Од:

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Фелипе Кутињо не сака да ја коментира својата иднина. Бразилецот игра за Баварците на позајмица од Барселона, но тој сигурно нема да остане во германскиот клуб. Во недела е неговиот последен натпревар – против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

– Сè уште не размислувам за мојата иднина, бидејќи сум целосно фокусиран на финалето во Лигата на шампионите. Сите мои размислувања се однесуваат на претстојниот натпревар. Ова ќе биде единствена можност за нас. Јас сум многу среќен што сум во оваа фаза на турнирот, рече Кутињо.

Новиот тренер на Барса, Роналд Коман, исто така, ќе има збор во иднината на кариоката.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска