Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Антеро Енрике бил во Лондон,каде се сретнал со голманот на Челзи, Тибо Куртоа, тврди „Паризиен“.
Дваесет и пет годишниот Белгиец има договор со „сините“ до летото 2019 година, а во последните месеци неколку пати најави дека би слушнал евентуална понуда од Реал Мадрид, бидејќи неговото срце е во шпанската престолнина. Неговото семејство се уште живее во Мадрид, каде што тој пред неколку години настапуваше во дресот на Атлетико.
Истовремено, Куртоа тврди дека се чувствува среќен во Челзи и преговара за нов договор.
Според медиумите на Островот, од „Стемфорд Бриџ“ му понудиле на голманот плата од 200.000 фунти неделно, за да го продолжи договорот. Сепак, Куртоа не се брза да одговори.
Од ПСЖ сакале да разберат дали Белгиецот би имал интерес да премине на „Парк де Пренс“. Куртоа одговорил дека ќе размисли за својата иднина но по крајот на сезоната, тврди француското издание.