Екипата на Куманово го победи Гостивар со 85:72 и го приреди најголемото изненадување во денешните три натпревари од првата македонска кошаркарска лига.
Кумановци направија пресврт во второто полувреме и на гостиварци им го нанесоа првиот сезонски пораз во нивната сала „Младост“. Во другите мечеви играни денеска, Кожув беше подобар од ФМП Академија со 87:78, а Работнички немаше проблем со Вардар и триумфираше со 103:55.
Утре во Кавадарци се игра дербито Еуро Никел – МЗТ Скопје Аеродром, додека на 4 декември ова коло ќе се комплетира со дуелот на МЗТ Уни банка и Пелистер.