Поранешниот германски репрезентативец, Тони Крос, по завршувањето на сезоната ќе стави крај на кариерата, тврдат шпанските медиуми. Крос има договор со Реал до јуни 2023 година.
Во Реал се загрижени дека Крос ќе замине во пензија, а не дека ќе го напушти клубот како слободен играч.
Германецот, во неколку наврати изјави дека е физички и психички исцрпен и дека во таков случај годините не се важни. Кога ќе почувствува дека повеќе не може, ќе ја заврши кариерата.
Крос е незаменлив во тимот на Карло Анчелоти, но со оглед на неговата состојба, тренерот го ротира за да биде свеж и да може да игра во текот на целата сезона.
Извор: Топспорт