Кривопаланечки планинари до тромеѓето помеѓу Македонија, Србија и Бугарија

Од:

Дваесетина кривопаланечки планинари учествуваа на денешната планинарска акција до тромеѓето помеѓу  Република Македонија, Република Србија и Република Бугарија. На тромеѓето се сретнаа со планинарите од останатите две соседни земји.

– Акцијата започна од месноста Крстов Дол, а минавме преку времениот граничен премин Голеш, кај селото Голема Црцорија. Вкупната должина на стазата во една насока изнесува околу седум километри и беше лесна за пешачење, изјави Денис Ангеловски, претседател на Здружението за  планинарење и заштита на планината „Калин Камен“.

Ангеловски информира дека временските услови биле одлични, сувото време им послужи за лесно искачување, а додаде и дека од страна на организаторите бил обезбеден и бесплатен ручек за сите учесници.

– Нашите планинари се од разни возрасни категории, а  особено сме активни есенва. Од почетокот на октомври учествувавме на четири планинарски акции во регионот и земјава, рече Ангеловски.

Следната акција која ја организира ЗПЗП „Калин Камен“ ќе се одржи на 24 октомври, a по повод 23 Oктомври, Ден на Македонската револуционерна борба.

– Акцијата е насловена  „По патот на Комитите”, истата е кружна патека околу Комитски рид. Старт на акцијата е од т.н. Ловечка куќа, забавно рекреативен парк Калин Камен,  преку езерце Калин Камен до врвот Калин Камен. Предвидено е да се движиме во насока на Ал’тн чешма, преку м.в. Слана бара-Бабина чешма-Столев врв-Борилова чука –Костадиница. Патеката е средно тешка и се совладува висинска разлика од 600 метри надморска височина, изјави Ангеловски.

Должината на патеката „По патот на Комитите” изнесува околу 20 километри или околу 8 часа одење со попатни паузи, а за акцијата е обезбеден и планианрски водич.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска